Словенечката претстава „Нора“ на македонската режисерка Нела Витошевиќ ќе се изведе вечерва на Охридско лето, во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 21 часот.
Витошевиќ го постави текстот на Хенрик Ибзен во Градски театар Љубљана. „Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург.
Во претставата играат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек.