МИРЧО МАТЕВСКИ РИСИМКИН СО ИЗЛОЖБА ВО МАЛА СТАНИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Средба со историјата: една слика – една приказна на Мирчо Матевски Рисимкин“ е насловена изложбата која ќе се отвори вечерва во 20 часот во Мала станица. Од Националната галерија на Македонија (НГМ) велат дека сите дела на Матевски Рисимкин се инспирирани од некој вистинит историски настан, јунак или личност.

„Неговиот татко Трајко Матевски-Рисимкин бил главен инструктор за тепихарство во Македонија и работел во ‘Македонски фолклор‘, така што Мирчо го поминал детството покрај неговите шеми, нацрти и планови за изработка на теписи“, велат од НГМ.

Мирчо Матевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Димитар Кондовски.

„Тој останува доследен на своето сликарство и во исто време го збогатува со елементи што ги прифатил од другите култури со кои поминал дел од својот живот“, велат од НГМ.