Актерот, пејач и шоумен Игор Џамбазов ќе одбележи два големи јубилеја со концерт во Македонската филхармонија, што ќе се одржи на 21 октомври. Првиот повод е неговиот 60. роденден, но на овој настан ќе одбележи и три децении музичка соработка со блуз ветеранот Гуру Харе.
Покрај хитовите кои произлегоа од ова партнерство низ годините, концертот ќе биде искористен и за промоција на новиот материјал од албумот „Првите триесет“.
Влезниците се по цена од 1.000 и 1.500 денари.