По 32. пат ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Фестивалот кој претставува симбол на пријателствoто помеѓу децата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, а главен покровител е Град Скопје.
Централниот настан ќе биде утре на Школката во Градски парк, со почеток во 19 часот.
„Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде што се формира големо оро, оро кое не познава граници, кое е симбол на пријателството помеѓу децата. ‘Оро без граници‘ е празник на градот, кој широко ги отвора вратите на Европа и светот и е амбасадор на културата. Фестивалот придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и културата и ги промовира знаменитостите по кои е препознатливо Скопје“, вели директорката на фестивалот Билјана Лалчевска-Серафимовска.
Фестивалот „Оро без граници“ своите почетоци ги бележи во 1991 година.