Македонскиот бенд „Брас брадрс“, кој е познат по динамичните настапи во живо, го претстави новиот сингл насловен „Move It“ од неговиот прв албум „Балкански хаос“ (Balkan Mayhem). Оваа песна е создадена за време на пандемијата.
„Денес, кога конечно слободно излегува пред публиката, песната има за цел да ни го продолжи летото и да ни помогне да акумулираме позитивна енергија која ни е потребна за да ги живееме овие луди времиња со насмевка на лицето“, велат членовите на бендот.
Формиран пред 10 години, „Брас брадрс“ е составен од Горан Мицевски-Кус на тромбон, Костадин Бетоски на саксофон, Пере Мелов на труба, Ник де Карло на туба и диџејот Јован Мартиновски.
„Албумот претставува креативен спој на македонската и балканската музичка традиција со свежи звуци и модерни елементи“, изјавија од бендот.