Вечерва од 20 часот, во Драмски театар игра претставата „Нора“ на режисерката Нела Витошевиќ. Претставата е во изведба на Местно гледалиште Љубљана (МГЉ).
Претставата игра во рамките на регионалниот фестивал РУТА, кој почна завчера и завршува в недела со српската претстава „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште.
„Нора“ ќе се игра на словенечки јазик, со титл со превод на македонски. Премиерата беше на 3 март на матичната сцена на МГЉ во Љубљана.