РАЗГОВОР СО БАКОВСКА И ДИМОСКИ ВО БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечерва од 19 часот ќе се одржи разговор со Елизабета Баковска и Сашо Димоски, автори на фотокнигата „Во главата пишувам расказ“. Разговорот е дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“ што библиотеката ја започна минатата година. Фотокнигата на Баковска и Димоски е книга за месец октомври.

„‘Во главата пишувам расказ‘ е прозен, лирски, животен сендвич од деца и возрасни, книга за родители и нивните деца кои станале родители, за мајка и ќерка која станала мајка… Книга за последните денови од животот и за првите денови на смртта, за краткиот период во нашите животи кога истовремено ги играме двете улоги во животот: некому сме дете, некому родител, пишува Оливера Ќорвезироска во предговорот на книгата.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а извадоци ќе чита актерот Андреј Серафимовски.