„НОКАУТ“ ПРОМОВИРА НОВ АЛБУМ НА 16 ОКТОМВРИ И ЗАКАЖА ДВА КОНЦЕРТА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Нокаут“ в понеделник од 20 часот, во клубот „Бир гарден“ во Скопје, ќе го промовира својот нов, четврти по ред албум „Што бараш ти во моја песна?“. Членовите на бендот велат дека промоцијата ќе биде од отворен карактер и ги канат сите нивни фанови на дружење и музика во живо.

„Нокаут“ ќе одржи два концерта во Скопје, во Филхармонијата, на 10 и 11 ноември. Првиот се распродаде за еден ден и веднаш потоа објавија дека ќе има и втор, во организација на продукцијата „Сцена“.

Од „Нокаут“ велат дека им е драго што бендот е сега во креативен период.

(Фото: Џојфест)