Најтешкиот момент при вежбањето е да се почне, односно наоѓање мотивација.
Новата апликација „Светкоин“ (Sweatcoin) го поврзува вежбањето со своите виртуелни парички, играјќи истовремено улога на поттикнувач и на пресметувач на процесот на вежбање.
Апликацијата функционира на тој начин што има пристап до уредите за следење на вашето движење, односно бројот на чекори што ги поминувате дневно. Кога стигнувате до 1.000 чекори, ја освојувате првата паричка. Доколку освоите одреден број „светкоинзи“, тие можат да се заменат за авионски кредити, ТВ и други награди.
Доколку сакате да навлезете посериозно во играта, пробајте да учествувате во поинтензивни трки, како маратон. Големите награди на „Светкоин“ изнесуваат околу 20.000 парички, кои со умерено вежбање би ги собрале дури за десет години.
„Светкоин“ не ги брои чекорите во внатрешна просторија, така што трчањето на лента или на часови на фитнес нема да биде пресметано.