НЕ МИ БЕШЕ ВАЖНО ДАЛИ ЌЕ ИЗГУБАМ ВО ТЕПАЧКА СО КРИСТЛ, КАЖА ЅВЕЗДАТА НА „ДИНАСТИЈА“, ЏОАН КОЛИНС

Лондон, (Пипл)

Џоан Колинс се прослави по улогата на Алексис Карингтон Колби во серијата „Династија“. Славната актерка се осврна на ова во интервјуто за „Пипл“, што го даде во својот дом во Лондон, каде што живее со нејзиниот сопруг, актерот Перси Гибсон.

Колинс (90) навистина ѝ даде печат на Алексис во серијата која се емитуваше од 1981 до 1989 година.

„Првиот пат кога слушнав за серијата, си реков: ‘Што е тоа? Кинески ресторан?‘ Но, јас бев обожавателка на серијата ‘Далас’ и го познавав Лери Хегман, бидејќи живееше во Лондон. Кога го гледав во ‘Далас’ си реков дека сакам да играм со него. Бог ме слушна и ми ја даде Алексис“, продолжува таа.

Таа призна дека многу сакаше да ја игра.

„Ја обожавав. Всушност, ако ми го дадеш сценариото на ‘Династија’ и ме прашаш кого сакам да играм, дали Фелон, Кристл или Алексис, би рекла: ‘Нема збор. Сакам да ја играм Алексис‘“.

Кога се потсети дека Алексис секогаш изгледаше дека ги губи физичките пресметки со Кристл, Колинс кажа:

„Се разбира, Линда Еванс беше повисока од мене. Не ми беше гајле дали ќе ја изгубам тепачката, тоа воопшто не ми пречеше“.

(Фото: Икс)