„Лонли планет“ ја објави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување за годината што следува. Австралискиот издавач специјализиран за водичи за патувања, кој оваа година слави пет децении постоење, избра по десет најдобри дестинации во пет категории, а за држава број еден ја прогласи Монголија.
„Ова е најретко населената земја во светот и монголската влада е подготвена да почне малку да ја пополнува. 2023, 2024 и 2025 се прогласени за ‘години на посета на Монголија‘, при што се олеснети условите за влез на странските патници и се подобрува инфраструктурата, што вклучува нов аеродром вреден 650 милиони долари“, велат од „Лонли планет“.
Покрај Монголија, во најдобрите десет земји за патување се и Индија, Мароко, Чиле, Бенин, Мексико, Узбекистан, Пакистан, Хрватска и Света Луција.
РЕГИОНИ: Трансдинарска велосипедска рута низ Западен Балкан, Кенгурски Остров (Јужна Австралија), Донегал (Ирска), Паис Васко (Шпанија), јужен Тајланд, Тоскана (Италија), брегот Свахили (Танзанија), Монтана (САД), Залфелден Леоганг (Австрија) и крајниот север на Шкотска.
ГРАДОВИ: Најроби (Кенија), Париз (Франција), Монтреал (Канада), Мостар (БиХ), Филаделфија (САД), Манаус (Бразил), Џакарта (Индонезија), Прага (Чешка), Измир (Турција) и Канзас Сити (САД).
ДЕСТИНАЦИИ ЗА ОДРЖЛИВО ПАТУВАЊЕ: Шпанија, Патагонија (Аргентина/Чиле), Гренланд, патеките низ Велс, Португалски Пат, Палау, Хокаидо (Јапонија), Балтичка рута низ Естонија, Летонија и Литванија и еколошки резервати во Јужна Африка.
ЛОКАЦИИ СО НАЈДОБРА ВРЕДНОСТ: Среден Запад (САД), Полска, Никарагва, Дунавски лимес (Бугарија), Нормандија (Франција), Египет, Икарија (Грција), Алжир, ноќни возови низ Европа и Јужни Острови/Централен Отаго (Нов Зеланд).