ФИНСКА И ШВЕДСКА СЕ НАЈПОКРИЕНИ СО ШУМИ ВО ЕУ, МАЛТА И ХОЛАНДИЈА СО НАЈМАЛ ПРОЦЕНТ

Париз, (Јуроњуз)

Шумите имаат клучна улога во борбата против загадувањето и деградацијата на животната средина. Тие отстрануваат огромни количества јаглероден диоксид, го намалуваат ризикот од природни катастрофи и помагаат температурите на воздухот и почвата да бидат умерени.

Тие исто така интензивно се сечат и уништуваат низ светот. Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, 420 милиони хектари шума, што е поголемо од целата Европска Унија, исчезнале во периодот од 1990 до 2020.

Околу 39% од Европската Унија денес се покриени со шуми, што е зголемување за 10% во споредба со 1990 година.

Сепак, постојат големи разлики во покриеноста со шуми помеѓу државите. Во пет членки на ЕУ, повеќе од половина од површината се шуми: Финска – 66%, Шведска – 63%, Словенија – 61%, Естонија – 54% и Летонија – 53%.

На дното на листата се Малта со 1%, Холандија со 10%, Ирска со 11% и Данска со 15%.

Во Холандија и Данска има мала покриеност со шуми, но таму прилично ефикасно го користат земјиштето во економска смисла. Погледнете колку храна се произведува во Холандија и ако пренаменат доста вредна земја од земјоделство во шумарство, ќе имаат многу помали приходи“, вели Маркус Линднер од Европскиот институт за шуми.

Во Данска и Ирска шумските пространства драстично се намалиле поради масовната сеча во 19. век.

(Фото: Г. Конев)