ВО ВЕЛЕС СЕ ОДРЖА ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА НА ИЗРАБОТКИ ОД ЛЕТНИТЕ ДЕТСКИ РАБОТИЛНИЦИ, ПАРИТЕ ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

На продажна изложба со хуманитарен карактер во Велес беа изложени делата од работилниците кои летово се одржаа за учениците од овој град. Тие се одвиваа во куќите на уметноста, а завршниот настан беше во Европската куќа.

„Шест месеци се одвиваа овие работилници. Во куќата на Васил Главинов беше столарската, во куќата на Кочо Рацин грнчарската, а во Касапови имаше изработка на накит, ткајачка и копаничарска. Обуката траеше еден месец, ја изведуваа стручни лица. Собраните средства од оваа продажна изложба се наменети за грнчарот од Куманово, Стојан Трајковиќ, кому летово му изгоре работилницата“, кажа Гоце Станчев од здружението „Разбој“, кое ги организираше работилниците, заедно со Здружението на финансиски работици на Македонија.

На работилниците учествувале околу 120 основци, селектирани од нивните наставници по ликовна уметност.

П. ПЕЧКОВ