БЕВ ДЕТЕ И СЕ РАДУВАВ КОГА ОЛИВЕР ИСПЕА МОЈА ПЕСНА, КАЖА ПЕТАР ГРАШО, КОЈ ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватскиот пејач Петар Грашо ќе одржи концерт во Скопје на 26 април во Филхармонијата. Грашо има музичка кариера како пејач и автор 25 години и важи за една од најголемите регионални поп ѕвезди. Има снимено само три студиски албуми, неколку компилациски и повеќе синглови кои не се издадени на албум.

На 16 години ја напишал песната „Божица“, со која Оливер Драгојевиќ настапи на фестивалот Дора во 1995 година. Потоа ја започна соло кариерата.

„Моите родители извесно време се дружеа со семејството на Драгојевиќ. Еднаш татко ми му пушти снимка со зборовите: ‘Те молам, слушај што плетка ова момче во студио, немам поим дали е добро или не’. По неколку дена, Оливер се јави и рече дека сака да испее моја авторска песна. Бев пресреќен бидејќи уште бев дете. Тоа ме мотивираше да продолжам со музиката“, изјави Грашо за српски „Блиц“.

Влезниците за концертот, кој го организира продукцијата „Прагма“, се пуштени во продажба преку мрежата на kupikarta.com.

(Фото: Фејсбук)