ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД БИТОЛА ЈА ПОДГОТВУВААТ ПРЕТСТАВАТА „БЕГАЛКА“ ОД ВАСИЛ ИЉОСКИ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола подготвува адаптирана театарска претстава според драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски, во која актери-аматери ќе бидат децата со попреченост, со поддршка од ученици од битолски училишта. Премиерата ќе биде на 4 декември во 18 часот во Битолскиот театар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Целта е вклучување на лицата со попреченост во културата и уметноста преку театарот како алатка за изразување на можности. Оваа наша и нивна активност за вклучување во секојдневниот живот се зголемува со секој наш и нивни обид. Тоа ќе го сторат со повеќе или помалку умешност, но тоа е уште еден обид да им покажеме на сите дека не постои тешко или лесно, туку сакам или не сакам, а очигледно е дека сакаме“, рече Јуле Трајчевска, еден од основачите на Центарот и иницијаторка на претставата.

Во подготовката на претставата им помагаат наставничките-менторки Весна Гагаловска и Лидија Поповска со ученици од основните училишта „Тодор Ангелевски“ и „Трифун Пановски“, средношколци од Државното музичко училиште со професорот-ментор Александар Грујовски и ансамблот „Плетенка“ и Народниот театар во Битола.

Ж. ЗДРАВКОВСКА