ТАМАРА ГРУЈЕСКА ЈА ОДРЖА ПРВАТА ПРОБА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА ВО НИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тамара Грујеска ја имаше првата проба на детскиот Евросонг со песната  „Кажи ми, кажи ми кој“ во Ница, Франција, со која ќе ја претставува Македонија на 26 ноември.

Младата пејачка е од Гостивар, наскоро ќе наполни 13 години, а љубовта кон музиката ја покажала на пет години.

Авторскиот тим на песната е сличен како оној на Тамара Тодевска на Евровизија во 2019 во Израел. Роберт Билбилов и Дарко Димитров се композитори на песната, а текстот е на Коста Петров и Билбилов. Гоце Димовски свири кавал, а Билбилов виолина. Режисер на спотот е Огнен Шапковски.

Онлајн гласањето ќе започне на 24 ноември во 20 часот на овој линк, а ќе трае до финалната вечер на 26 ноември, која почнува во 16 часот, со пренос на „МРТ1“.

(Фото: junioreurovision.tv)