ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ БАЗАР ЗА РАЧНИ ИЗРАБОТКИ ОД ЖЕНИ ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 9 декември, од 10 до 17 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи базар за рачни изработки наречен „Во ритамот на македонски традиционални занаети и креации“.
Ќе бидат изложени ракотворби, рачно плетени производи за деца и возрасни, плетени женски чанти и играчки, производи за домаќинство, новогодишни украси, производи од стакло и восок, рачно изработен накит и филигран.
На базарот ќе учествуаат 35 лица, главно жени од ранливи категории од Скопје, Струмица и Струга, кои четири месеци имаа обука за шиење, плетење и везење. Настанот е дел од проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“, поддржан од Амбасадата на Словенија, а во имплементација на здружението „Добредојде“.