Претставнички на дипломатскиот кор во земјата и јавни личности настапија како манекенки на модната ревија со која беше заокружен проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“. Ревијата насловена „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ се одржа во „Јавна соба“ во Скопје.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/12/IMG_20231209_184537-583x410.jpg)
Настанот беше проследен и со базар на рачни изработки, сѐ во духот на спојот на македонската традиција и женското претприемништво.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/12/IMG_20231209_185657-532x410.jpg)
Проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“ беше спроведен од здружението „Добредојде Македонија“ и поддржан од Амбасадата на Словенија. Се реализираше во Скопје, Струмица и Струга, каде што се одржаа четиримесечни обуки во шиење, плетење и везење, со цел да се поттикнат македонските традиционални занаети и креации во современи услови.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/12/IMG_20231209_185008-582x410.jpg)
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/12/IMG_20231209_184106-578x410.jpg)
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/12/IMG_20231209_190102-275x410.jpg)