Од денеска (6 декември) до 10 декември, во Кинотеката ќе се одржува Неделата на полски филм. Ревијата ќе започне со прикажувањето на последниот филм на Јержи Сколимовски, „ИО“.
Филмот ја освои наградата на жирито на 75. Кански фестивал и лани беше кандидиран за Оскар за најдобар странски филм.
Ќе бидат прикажани и филмовите „Белези на идентификација“ (утре), „Бариера“ (петок), „Лесна победа“ (сабота) и „Рацете горе“ (недела), сите од Сколимовски.
Проекциите се од 20 часот, а влезот е бесплатен.
(Фото: Ревијата ќе почне со последниот филм на Сколимовски, „ИО“)