Некои од најдобрите блек метал бендови од регионот ќе гостуваат на концертната промоција на вториот албум на „Амброз“, што ќе се одржи на 17 февруари во Младински културен центар во Скопје. Како што е објавено, на првиот самостоен концерт на „Амброз“ ќе настапат и „Свартгрен“ од Србија и „Димхолт“ од Бугарија.
Скопскиот бенд во петокот го промовираше своето ново студиско издание „Monuments of the Deceived“, прво по повеќе од осум години пауза.
Наскоро ќе бидат објавени детали за картите за концертот.
(Фото: О. Теофиловски)