Кање Вест не престанува да ја шокира јавноста. Раперот одржа слушачка промоција на својот нов албум насловен „Vultures“, што официјално ќе излезе в петок (16 декември) и притоа се појави на сцената носејќи качулка налик на Кју-клукс-клан.
На настанот во Мајами, на кој меѓу гостите беа и Крис Браун, Кодак Блек и Офсет, Вест во еден момент носеше наметка и зашилена црна качулка со отвори за очи.
Вест, кој е познат и по уметничкото име Је, во последно време предизвикуваше контроверзи со расистички и антисемитски испади, поради што неколку големи компании ја раскинаа соработката со него, вклучувајќи го и „Адидас“. Во една песна од новиот албум, Вест вели дека не е антисемитист.
Омотот на новиот албум содржи слика од Каспар Давид Фридрих, германски уметник од времето на романтизмот кој подоцна бил промовиран од нацистите.
(Фото: Шатерсток)