Добитничката на Греми, колумбиската пејачка Шакира, една од најпродаваните пејачки во светот, е овековечена во нејзината позната поза на стомачен танц во огромна бронзена статуа во нејзиниот роден град Баранкила.
Градоначалникот на градот Хаиме Пумарехо ја откри скулптурата од 6,5 метри во парк покрај брегот на реката Магдалена во друштво на родителите на пејачката.
„Статуата на уметникот Јино Маркез покажува на милиони девојки дека можат да ги остварат своите соништа и која било од нив може да го постигне она што го сака“, рече Пумарехо, истакнувајќи дека порано ја гледал Шакира како пее на локални детски концерти.
Фото: Ројтерс