КИРИБАТИ ПРВ ВЛЕЗЕ ВО 2024 ГОДИНА ВО 11 ЧАСОТ ПО МАКЕДОНСКО ВРЕМЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

2024 година веќе пристигна во некои катчиња од светот.

Традиционално, честа први да ја прослават новата година ја имаат мали океански нации. Тоа се случи во 11 часот по македонско време, кога жителите на Кирибати влегоа во 2024, заедно со Самоа и Тонга.

Кирибати е држава во Океанија со три временски зони. Кога беше формирана во 1979, некои острови беа источно од Меѓународната датумска линија, а некои западно, што значи дека помеѓу нив имаше цел ден разлика. Затоа владата во 1990-тите ја помести линијата за околу 1.000 километри кон исток со цел сите острови да бидат во истата зона. Тоа беше направено за да се привлечат туристи.

Бидејќи има 39 различни временски зони, на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата година, од кои последното населено место е Американска Самоа. Таа и Самоа се разделени со само еден час лет, но се наоѓаат на различни страни од Меѓународната датумска линија во Тихиот Океан, па оттука и големата временска разлика.

Ненаселениот остров Бејкер, оддалечен 2.169 километри од Кирибати, е последното место на светот каде што доаѓа новата година. На Кирибати тогаш веќе ќе биде 2 јануари.

(Фото: Гети)