По синоќешната премиера во Белград, филмот „Недела“ за српскиот фолк пејач Џеј Рамадановски од 26 јануари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Рамадановски, кој потекнуваше од ромско семејство од Македонија, почина во 2020 на 57 години.
Филмот во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ.е насловен според една од најпознатите песни на Рамадановски. Во насловната улога е Хусеин Алијевиќ, а играат и Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ и Милица Јаневски.
„Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски е претставена без непотребна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото се држи до важните факти од биографијата на Рамадановски и во него е прикажана суровата реалност со која пејачот бил принуден да се соочува“, изјавија од Филмскиот центар на Србија.
(Фото: Пеликула продукција)