СВЕТСКИ РОМСКИ БАЛ ВО СКОПЈЕ СО БАЛКАНСКИ ФОЛК ЅВЕЗДИ, БИЛЕТОТ ЧИНЕШЕ 150 ЕВРА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сношти во Скопје, по 44. пат се одржа традиционалниот Светски ромски бал, настанот што за првпат го организираше Амди Бајрам, пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите. По неговата смрт, организацијата ја презеде неговиот син Габриел Бајрам.

Премиерот Димитар Ковачевски беше меѓу гостите, со организаторот на балот Габриел Бајрам (Фото: Ѓ. Личовски)

Водителка на балот беше Лила Стојановска.

„Ромите отсекогаш биле најмирољубивиот народ на светот“, кажа Стојановска.

Фото: Ѓ. Личовски

Настанот во скопскиот хотел „Александар палас“ почна со традиционална ромска музика и настап на легендарниот пејач Мухарем Сербезовски.

Мухарем Сербезовски (Фото: Ѓ. Личовски)

Имаше и настап на маѓионичар, кој изведе неколку трикови. Балот и годинава помина во весела атмосфера и со многу гости. Меѓу нив беа и премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Како ѕвезди на вечерта беа најавени српските фолк-пејачки Теа Таировиќ и Цеца Ражњатовиќ.

Фото: Ѓ. Личовски
Настанот почна со традиционална ромска музика (Фото: Ѓ. Личовски)
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ (Фото: Ѓ. Личовски)

Таировиќ настапи пред крајот на балот, а по неа Цеца Ражњатовиќ. Билет за балот за седење чинеше 150 евра.

Аркан Керим, претседателот на Туристичко-угостителската комора со Мухарем Сербезовски и Цеца Ражњатовиќ (Фото: Фејсбук)
Настапи и српската фолк-пејачка Теа Таировиќ (Фото: Фејсбук)

Се продаваа и билети за стоење, кои како пакет за шест лица со вклучено шише алкохолен пијалак беа 300 евра.