ШВЕДСКАТА ЖЕНСКА ГРУПА „ФРЕНТИК АМБЕР“ ЈА ПРЕДВОДИ САБОТНАТА МЕТАЛ ВЕЧЕР ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Метал вечер со бендови од Шведска, Хрватска и Македонија ќе се одржи утре (20 јануари) во Скопје, што ќе биде првиот концерт во Младински културен центар оваа година.

Шведските групи „Френтик амбер“ и „Рикет“ ќе ја посетат Македонија во рамките на нивната балканска турнеја, а гости ќе им бидат „Поразиум“ од Хрватска и домашниот бенд „Саидон“, кој лани го издаде својот прв албум, што сега и во Скопје ќе го промовира во живо. Настапот на „Френтик амбер“ ќе биде атракција за себе зашто станува збор за женски дет метал состав, што сѐ уште е доста ретко на светската сцена.

Концертот е во организација на „Терорвоид“, а почнува во 19 часот.