ГЕРМАНЦИТЕ И ОВАА ГОДИНА ЌЕ СЕ ВОЗАТ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЗА 49 ЕВРА МЕСЕЧНО

Берлин, (Јуроњуз)

Германците и оваа година ќе можат да го користат јавниот превоз за 49 евра месечно благодарение на владините субвенции.

Откако беше воведен во април минатата година, Deutschlandticket од 49 евра се покажа многу популарен. Во првиот месец од воведувањето, над три милиони луѓе во Германија купиле ваков билет, кој овозможува неограничен број патувања со сите видови локален и регионален јавен превоз. Властите го опишаа како „најголемата реформа на јавниот превоз во историјата на Германија“.

Владата сега потврди дека картата ќе може да се купи и во 2024, при што цената ќе остане иста до крајот на годината, иако шефовите на јавниот превоз предупредија дека така ниска цена е неодржлива.

Познат и како Д-билет, тој чини околу 1,60 евра на ден и е валиден за градски автобуси, подземни железници и трамваи во сите општини во земјата, како и за возови на кратки и средни релации.

Фото: СМАРТ СДК.МК