ХОЛАНДСКАТА ПЕРКУСИОНИСТКА ТАТИАНА КОЛЕВА СО КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА НА 1 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (1 февруари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот „Чистина“ на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева од Холандија, а диригент е Емил Табаков од Бугарија.

На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и пан од Емил Табаков, кој ќе биде отсвирен премиерно и Симфонија бр. 2 во Д-дур од Лудвиг ван Бетовен.

За првпат во Филхармонијата ќе свири холандската перкусионистка со бугарско потекло Татиана Колева.