БРАЌАТА КОЕН ЌЕ СНИМААТ ХОРОР ФИЛМ

Лос Анџелес, (Индипендент)

По вестернот „Баладата на Бастер Скрагс“ од 2018, режисерите Џоел и Итан Коен заедно ќе снимаат „доста крвав“ хорор филм.

Џоел Коен во меѓувреме сними адаптација на „Леди Магбет“ од Шекспир со Дензел Вашингтон во главната улога, а Итан Коен наскоро ќе ја претстави комедијата „Drive-Away Dolls“, која ја напиша со сопругата Триша Кук.

На настан во Норвешка на кој говореше за новата комедија, Итан Коен откри дека заедно со Џоел напишале сценарио и дека планираат да се спојат и да соработувааат на режијата.

„Тоа е чист хорор, доста крвав“, кажа Итан и навести дека на некој начин филмoт потсетува на нивниот прв филм „Blood Simple“ од 1984.

„Ако ви се допаѓа тој филм, мислам дека ќе уживате“, откри Коен.

(Фото: АП)