ОСТАНАВ ДОСЛЕДНА НА КВАЛИТЕТОТ, ВЕЛИ ПОП-ПЕЈАЧКАТА АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА, КОЈА СНИМИ НОВА ПЕСНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Александра Јанева ја промовираше новата песна „Дождови“. Музиката и тексот се на Лазар Цветкоски и Александра Јанева, а аранжер и продуцент е Цветкоски.

„Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот, кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе, кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до ‘Денс тим фјужн‘“, вели Јанева.

Режисер на спотот за „Дождови“ е Горан Симјановски.