ЊУ ЏЕРСИ ГО ДОБИ ФИНАЛЕТО НА СП 2026, ЌЕ СЕ ИГРА ПРЕД 82.500 ГЛЕДАЧИ

САД, (Ројтерс)

Финалето на Светското фудбалско првенство во 2026 ќе се игра во Њу Џерси, во домот на НФЛ тимовите Њујорк џајантс и Њу Џерси џетс, објави ФИФА. Првиот мундијал со 48 учесници, кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе биде заклучен на 19 јули на стадионот „МетЛајф“, кој може да прими 82.500 гледачи. Овој стадион беше отворен во 2010 и чинеше 1,6 милијарди долари, а тука се играше и финалето на Копа Америка во 2016.

Во Канада и Мексико ќе се играат по 13 натпревари, а остатокот во САД. Отворањето ќе биде на 11 јуни на стадионот „Астека“ во Мексико, кое со тоа ќе стане првата земја која била домаќин на три светски првенства.

Првиот меч во Канада ќе се игра на 12 јуни во Торонто, а од четвртфиналето првенството целосно ќе се пресели во САД. Далас и Атланта ќе бидат домаќини на полуфиналните средби.

На СП 2026 ќе има дури 106 натпревари, 42 повеќе од досега.

(Фото: АП)