24 ПРОЦЕНТИ ОД ВОЗРАСНИТЕ ФРАНЦУЗИ НЕМАЛЕ СЕКС 12 МЕСЕЦИ, ПАД НА СЕКСУАЛНАТА АКТИВНОСТ ИМА И ВО ШПАНИЈА И ГЕРМАНИЈА

Франција, (Гардијан)

Франција страда од пад на сексуалната активност. Според Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП), 24 проценти Французи на возраст од 18 до 69 години изјавиле дека немале секс во претходните 12 месеци. Во 2006 таа бројка беше само 9%.

Падот е уште поголем кај младите на возраст меѓу 18 и 24 години. Процентот на целибат бил 28, што е зголемување од 5% во споредба со 2006.

Според институтот кој ја спроведе анкетата со 1.911 луѓе, тоа може да биде форма на социјална корекција.

„Она што една генерација го прави интензивно, следната го прави помалку“, рече Франсоа Краус, директорот на ИФОП.

Исто така, постои мислење дека Французите ги избегнуваат очекувањата да бидат сексуално активни. Конкретно, жените сега се чувствуваат слободни да кажат „не“.

Бројот на случаи на намалена сексуална желба пријавени во шпанскиот здравствен систем се зголемил за речиси десет пати меѓу 2011 и 2018. Други истражувања покажаа пад на сексуалната активност и во Германија и Холандија во последниве години.

(Фото: Фрипик)