„ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ ОСЛОБОДЕНИ“ И „12 ХРАБРИ“ ОД ДЕНЕСКА ВО КИНАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Mandatory Credit: Photo by Buckner/Variety/REX/Shutterstock (8254622ai) Jamie Dornan and Dakota Johnson 'Fifty Shades Darker' film premiere, Los Angeles, USA - 02 Feb 2017

Филмот „Педесет нијанси ослободени“, продолжение на блокбастерите од 2015 и 2017 година, вечерва премиерно се прикажува во кината „Синеплекс“ и „Милениум“.

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон се враќаат како Кристијан Греј и Анастасија Стил во „Педесет нијанси ослободени“, базиран на светскиот феномен – бестселерот „Педесет нијанси“. Претходните два филма, „Педест нијанси сиво“ и „Педесет нијанси потемно“ заработија 950 милиони долари на светските киноблагајни.

„Знаев дека единствено нешто што можам да направам е Ана да биде бремена и да ја види реакцијата на Кристијан, која патем не е добра. Знаев дека тоа е насоката на приказната. Затоа почнав да ја пишувам третата книга – да го видам него тотално преплашен, бесен во моментот кога таа му објавува дека е бремена“, вели авторката на книгата и продуцент Е. Л. Џејмс.

Крис Хемсворт во акционата драма „12 храбри“

Во „Синеплекс“ од денеска игра и историската акциона драма со Крис Хемсворт во главната улога, „12 храбри“.

Тоа е приказна за првиот тим на специјални сили, распоредени во Авганистан по 11 септември, каде под водство на нов капетан, мора да работи со локален воен лидер за да ги собори талибанците.