ПИСАТЕЛКАТА КРИСТИНА КРАЛИЧИН ПРОМОВИРАШЕ ДВА НОВИ РОМАНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Писателката Кристина Краличин промовираше два нови романа, „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“, кои се во издание на „ИД-концепт/Чудна шума“.

Промотори беа Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска, која е уредник на издавачката куќа „Чудна шума“. Делови од романите читаше актерката Дарја Ризова.

„Ова е едиција од 14 романи кои меѓусебно се поврзани на еден специфичен и невообичаен начин. Нишката што ги поврзува е во самата содржина на романите, иако темите, ликовите и времето на настаните се различни“, кажа Краличин на промоцијата.