ФОЛК-ФЕСТИВАЛОТ ПРИЛЕП ФЕСТ ПО ДЕВЕТТИ ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ЈУНИ

Прилеп, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот Прилеп фест, на кој се пее македонска народна музика, ќе се одржи на 19 јуни во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Ова е деветто издание на фестивалот, а најавено е учество на познати домашни фолк пејачи, меѓу кои Наум Петерски и Анета Љумаковска.

„Шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката“, велат организаторите.