ВРЕДНОСТА НА БИТКОИНОТ ПРВПАТ НАДМИНА 69.000 ДОЛАРИ

Њујорк, (Ројтерс)

Најголемата светска криптовалута биткоин за првпат ја надмина вредноста од 69.000 долари. Новиот рекорд изнесува 69.202 долари, со што е надмината вредноста од ноември 2021, кога достигна 68.999 долари.

Вредноста на биткоинот порасна за 160% од август наваму, од кои 44% дојдоа минатиот месец, што е голем контраст во однос на февруари 2022, кога настапи 18-месечна „криптозима“, предизвикана од серија корпоративни банкроти и скандали.

Растот на биткоинот е поттикнат од инвеститорите кои влеваат пари во криптопроизводите со кои се тргува во САД и изгледите дека глобалните каматни стапки може да паднат.