БАЈАГА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ 40 ГОДИНИ ОД НЕГОВИОТ ПРВ СОЛО АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бајага и неговиот бенд „Инструктори“ се враќаат во Скопје за да одржат концерт со кој ќе се одбележат четири децении од излегувањето на неговиот прв соло албум „Позитивна географија“, објави „Авалон продукција“.

Овој албум ќе биде оствирен во целост на концертот во Младински културен центар на 16 април, а покрај Скопје, вакви настапи ќе има и во Белград и Загреб. За разлика од неодамнешниот голем скопски концерт на Бајага во салата „Јане Сандански“, овој е замислен како поинтимен и поексклузивен, бидејќи ќе може да собере само илјада фанови.

Влезниците по цена од 1.500 денари ќе бидат пуштени во продажба в понеделник (11 март).

Момчило Бајагиќ-Бајага формираше свој сопствен бенд во 1984 откако беше исфрлен од „Рибља чорба“ и набгру потоа го објави албумот „Позитивна географија“, по што стана еден од најуспешните поп-рок музичари на југословенските простори.

(Фото: Фејсбук/Авалон)