Едни од предводниците на новиот бран на македонската рок сцена „Луфтанза“ ќе го има својот прв самостоен концерт на 30 март, што ќе се одржи во „Станица 26“ во Скопје. Специјален гостин ќе биде бендот „Алембик“.
Концертот ќе биде промоција на новиот албум на „Луфтанза“ насловен „Далеку од вистинското нешто“, кој доаѓа две години по дебитантското издание „Давор“.
Картите во претпродажба чинат 300, а на врата 400 денари.
(Фото: Фејсбук/Луфтанза)