Њујорк, градот од повеќе популарни ТВ серии и филмови, инспирацијата за многу песни и уметност е прогласен за најдобар град за 2024 од британската медиумска компанија „Тајм аут“.
„Тајм аут“ анкетираше околу 20.000 жители на градови низ светот, заедно со својата мрежа на глобални новинари и уредници, за да го состави својот најнов преглед на најдобрите градови во светот.
Беа земени предвид факторите како сцените со храна во градовите, архитектурата и културните случувања.
Целта, велат од компанијата е да се обезбеди „инспирација за патување“, но и „глобална слика за градското живеење“.
Големиот број музеи во Њујорк и неговата просперитетна театарска сцена беа наведни како причини зошто американскиот град го освои првото место. На второто место е Кејптаун во Јужна Африка.
Кети Скот, која порасна во Кејптаун и сега живее во Франција, за „Си-Ен-Ен“ вели дека го гледа како „можеби најнепретенциозниот крајбрежен град во светот“, пофалувајќи ги можностите да се излезе во природа.
Берлин е на третото место според анкетите, а по него следат: Лондон, Мадрид, Мексико Сити, Ливерпул, Рим, и Порто.