ЛОЗАНО СНИМИ НОВА ПЕСНА ВО БРЗ РИТАМ, „БАРИЕРА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Влатко Лозаноски-Лозано го објави новиот сингл „Бариера“, модерна поп-песна со брз ритам.

Лозано и овојпат работеше со истиот авторски тим: Лазар Цветкоски е автор на музиката и на аранжамнот и е продуцент, а Магдалена Ена Цветкоска го напиша текстот. Спотот го снимаше продукцијата „Урбан рекордс“.

„Мојата најнова песна е на мојот јутјуб канал, а наскоро ќе биде и на сите останати музички платформи. Се надевам дека и оваа песна ќе биде дел од вашите плеј-листи“, рече пејачот.

„Стилски, оваа песна е продолжение на песната ‘После полноќ’, која беше издадена минатата година и личи на песните од 1980-тите. Новата песна ‘Бариера‘ е поделена во неколку музички форми“, велат од тимот на пејачот.

Лозано гостува на песна на српската поп-група „Фрајле“, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ. Во песната „Пријател“ пеат и младите пејачи Ади Шоше од БиХ и Лука Баси од Словенија. Тој неодамна ја промовираше песната „Максенбал“, за која беше снимен спот во Венеција.