„Авалон продукција“ по 20 години повторно го објави албумот „Трета мајка“, што заеднички го снимија гитаристите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, а гостува бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов. Овојпат, албумот е издаден на плоча и тоа во ограничени количини.
„Трета мајка“ содржи десет композиции кои се инструментални верзии на македонски народни песни. „Авалон“ ја објави својата прва плоча во соработка со хрватската издавачка куќа „Скардона“.
Од „Авалон“ најавуваат и нови изненадувања поврзани со јубилејот на овој албум.