Влатко Стефановски ќе одржи концерт на 17 декември во Филхармонијата во Скопје, од 20 часот.
Концертот е насловен „Стефановски и пријателите-акустична вечер“.
Продукцијата „Мјзук тајм“ најави дека Стефановски ќе настапи со свои музички пријатели во акустично издание.
Вчера Стефановски настапи и во Кочани, на отворањето на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Средствата што Општина Кочани ги издвоила за неговиот настап, тој ќе ги намени во хуманитарни цели.
Вечерва (3 октомври), Влатко Стефановски со своето трио ќе настапи во Пловдив, Бугарија, во рамките на јубилејното десетто издание на меѓународниот гитарски фестивал „ГитарАрт“.
Во мај годинава во Скопје промовираше два нови албума издадени за „Кроација рекордс“.