ЌЕ БЕВ ПОПЛАТЕНА АКО БЕВ ОЛИВЕР, ВЕЛИ ГЛУМИЦАТА ОЛИВИЈА КОЛМАН

Лондон, (Би-Би-Си)

Британската оскаровка Оливија Колман вели дека ќе добивала повеќе пари за нејзините филмови ако била машко.

„Свесна сум дека ако бев Оливер Колман ќе заработував многу повеќе одошто заработувам сега. Знам за една разлика во платите која беше 12.000%. Па, вие пресметајте“, рече глумицата во интервјуто со Кристијан Аманпур.

Прашањето за еднакви плати во Холивуд стана актуелно пред една деценија, но најновата топ-10 листа на најдобро платени актери содржи само две жени.

„Истражувањата покажуваат дека жените отсекогаш биле голем магнет на киноблагајните. Но, машките актери добиваат повеќе пари затоа што извршните директори говореа дека тие ја привлекуваат публиката. Всушност, тоа со децении не е вистина. Но, тие сè уште сакаат да го користат тоа како причина да не им плаќаат на жените толку колку на нивните машки колеги“, кажа Колман, која доби Оскар во 2019 за улогата на кралицата Ана во „Миленичка“ на Јоргос Лантимос.

Фото: Гети