Леброн Џејмс по четврти пат ќе го предводи американскиот кошаркарски „дрим тим“ на Олимписките игри, кој, според добро информираниот новинар на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, е речиси целосно комплетиран. Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, досега има две злата (2008 и 2012) и една бронза (2004).
Од тимот кој стана олимписки шампион во Токио се враќаат Кевин Дјурант, Бем Адебајо, Девин Букер, Џејсон Тејтум и Џру Холидеј. Остатокот од екипата за Париз го сочинуваат Стеф Кари, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Ентони Едвардс и Ентони Дејвис и останува да се пополни уште едно место.
Дјурант ќе има можност да го освои четвртото злато. Тој сега го дели рекордот со Кармело Ентони.
САД ќе бидат во група со Србија, Јужен Судан и со победникот на квалификацискиот турнир во Порторико, каде што играат Литванија и Италија.
(Фото: АП)