ДИКАПРИО ЌЕ ГО ГЛУМИ ФРЕНК СИНАТРА ВО НОВ ФИЛМ НА СКОРСЕЗЕ

Лос Анџелес, (Вараети)

Оскаровецот режисер Мартин Скорсезе се подготвува за снимање на биографски филм за легендарниот американски пејач и глумец Френк Синатра, кого би го глумел Леонардо ДиКаприо. „Вараети“ објави дека Скорсезе ја одбрал Џенифер Лоренс да ја глуми втората сопруга на Синатра, холивудската дива Ава Гарднер.

Според изворите на „Вараети“, правата на оставштината на Синатра ги поседува неговата ќерка Тина Синатра, која сѐ уште не дала согласност да се снима филмот. Гарднер беше причината за разводот на родителите на Тина, Ненси и Френк.

И „Епл“ и „Сони“ се заинтересирани да го финансираат филмот. „Епл“ го финансираше претходниот филм на Скорсезе, „Убијци на цветната месечина“, кој имаше буџет од 215 милиони долари.