Сите пет членки на „Спајс грлс“, една од најуспешните женски поп-групи се обединија изминатиов викенд, но не за концерт, туку за 50. роденден на Викторија Бекам.
На забавата во Лондон дојдоа Ема Бантон, Џери Халивел-Хорнер, Мелани Чишолм и Мелани Браун, а видео со нив објави Дејвид Бекам, сопруг на Викторија и поранешен англиски репрезентативец и капитен.
На видеото објавено од Дејвид Бекам, поранешните пејачки танцуваат на еден од нивните најголеми хитови „Стоп“ (Stop).
„Спајс грлс“ беше формирана во 1994, а Британската кралска пошта издаде сет од 15 поштенски марки за прослава групата, која ја одбележува својата 30-годишнина. Се распаднаа во 2001.
Фото: Инстаграм на Дејвид Бекам