НА 25 АПРИЛ ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА СО ДЕЛА ОД МЕКМИЛАН И ШУБЕРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 25 април од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи Велигденски концерт со наслов „Божествен“.

Оркестарот на Филхармонијата ќе свири едно од најпознатите дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена „Трагична“ од австрискиот композитор Франц Шуберт.

Диригент на концертот е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а заедно со оркестарот ќе настапи хорот „ПроАрс“, со кој ќе диригира маестро Сашо Татарчевски.

 

Фото: Диригент на концертот е Конрад ван Алфен од Холандија