СО МАСКИ ИЗРАБОТЕНИ ОД ОТПАДНИ МАТЕРИЈАЛИ, ДЕЦАТА ОД ТЕТОВО ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Тетово, (СМАРТ СДК.МК)

Стотина деца од градинката „Младост“ во Тетово се собраа на градскиот плоштад за да го одбележат Денот на планетата Земја. Во изминатите денови, тие изработија најразлични маски од отпадни материјали.

Отпадот не е ѓубре“ беше и мотото на годинашново нивно одбележување на овој значаен ден, со што упатија порака до луѓето повеќе да се грижат за својата околина и дека сметот може и креативно да се употреби.

Со оваа манифестација сакаме да пратиме порака дека отпадот не е ѓубре, туку треба да се селектира и рециклира, но и дека може и креативно да се употреби и така да ја сакаме и чуваме нашата планета. Овие деца, заедно со нивните воспитувачки и родители, цела недела работеа за да ги изработат овие креативни маски. Сите маски и костими кои денеска ги носеа беа изработени од отпадни материјали, како најлонски кеси и пластични чаши“, изјави Фахинда Јаја, директорката на градинките „Младост“ во Тетово.

З. АНДОНОВ