Блокбастерот „Марвелите“ е најголемото филмско промашување за 2023 година, покажа анализата на сајтот „Дедлајн“. Имајќи ги предвид продукцијата и маркетингот, „Дизни“ потрошил 455 милиони долари на овој филм, а на киноблагајните остварил минус од 237 милиони долари.
Првиот филм со оскаровката Бри Ларсон, „Капетанка Марвел“, заработи над една милијарда долари во 2019.
„Дизни“ севкупно изгубил 628 милиони долари минатата година откако имаше четири високобуџетни промашувања.
На второто место на листата на „Дедлајн“ е „Флеш“ на ривалското суперхеројско студио „Ди-Си“, кој остварил загуба од 155 милиони долари. Следува „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ на „Дизни“ со загубата од 143 милиони долари.