ОВАЦИИ ВО ТИРАНА ЗА „ДИВО МЕСО“ НА СКОПСКИОТ АЛБАНСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со огромен и долг аплауз, синоќа во театарот „АРТурбина“ во Тирана беа поздравени актерите од скопскиот Албански театар, кои на покана од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана ја изведоа претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски.

„Тиранската публика на вистински начин ги почувствува духот на Горан Стефановски во неговиот текст и неговите модерност и актуелност. Благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина следеше секој збор од текстот“, соопшти Министерството за култура.